РЕПУТАЦИЈА ИЗГРАДЕНА НА ЦВРСТИ ТЕМЕЛИ

Долг живот и безбеден дом

Ламинантни подови

Квалитетни ламинатни подови со дебелина од 10 мм , класа АC4/32 со низок коефициент на абење и широк избор на современи дизајни.

Внатрешни врати

Медијапански внатрешни врати изработени од сендвич МДФ заштитен од гребење со можност за заоблена или каса со прави линии со можност за широк избор на бои. Вратите се опремени со квалитетен оков за врати.

Влезни врати

Влезна врата со МДФ декоративни облоги од двете страни и исполна од тервол и сигурносни брави со висок квалитет.

Керамички плочки

Керамички плочки за бањи , кујни и ходници со дебелина од 1 см I класа со широк спектар на бои и дизајни.

Фасада

Фасадата е комбинација од алкобонд исполнет со камена волна со дебелина од 10 см и демит фасада со 10 см стиропор и завршен слој од абриб со што се постигнува висока енергетска ефикасност на објектот.

Санитарна галантерија

Целокупната санитарија е од реномирани светски брендови со модерен дизајн вградени казанчиња, мијалници и тушеви.

Прозори и балконски врати

ПВЦ столарија со квалитетни профили од германско производство ,шест коморни профили со термоизолационо двојно стакло со дебелина од 4 мм (4+16+4)